
Во итнерву за телевизискиот канал „Антена 3“, претседателот на Реал мадрид, Флорентино Перез ги кажа своите планови за летниот преоден рок. Иако Реал Мадрид се поврзува со многу играчи, „кралскиот“ клуб сеуште нема ангажирано ниту еден играч досега.
Перез исто така зборуваше за новата мета на клубот, играчот на Бордо, Јоан Горкув велејќи дека смета дека тој е новиот Зидан.
„Некои велат дека тој е новиот Зидан. Тој е фудбалер кој го пратиме како и неколку други. Веруваме дека тој ќе биде еден од најдобрите играчи во иднина.“
Откако Олимпик Лион вчера потврди дека се откажал од услугите на Французинот поради финансиски несогласувања од 2-те страни, Манчестер Сити се смета за фаворит за потписот на талентираниот реден играч.
Горкуф сака наредната сезона да биде дел од Лигата на Шампионите и доколку пристигне понуда на негова адреса од страна на Реал Мадрид, сигурно е дека младиот играч повеќе би преферирал трансфер на „Сантијаго Бернабе“ отколку на „Истленд“.
| Случајни вести | |