„Супер шест“ имиња на шопинг листата на Мурињо



Жозе Мурињо со цел успешно да ја исполни својата мисија во Реал Мадирд каде што најверојатно ќе ја продолжи кариерата, со сигурност ќе донесе нови играчи по свој вкус.


По завршувањето на финалниот натпревар од Лигата на Шампионите каде што Мурињо по втор пат го освои трофејот тој најави дека негова следна мисија е да ја освои шампионската лига со три клубови.

Токму од овие причини, англискиот Деили Меил состави листа од „супер шест“ засилувања кон кои ќе цели Мурињо.

Маикон: Мурињо е премногу задоволен од формата на десниот бек на Интер па сигурно ќе се обиде да го донесе на Бернабе. Неговата моментална цена се проценува на околу 25 милиони фунти.

Ешли Кол: Доколку не успее да го обезбеди потписот на Кол, Мурињо ќе се насочи кон дефанзивецот на Лацио Александар Коларов којшто одлично би се снашол на левата бековска позиција. Србинот моментално на пазарот чини 15 милиони фунти.

Даниеле Де Роси: Играчот за врска на Рома кој воглавно оперира по десната страна ќе му даде свежина на тимот, доколку се знае дека Лас, Мамаду Диара и Гаго се непотребни. Финансиските проблеми на Рома можат да потпаднат под 40. милиони фунти, колку што е и вредноста на Роси.

Стивен Џерард:
Капитенот на Ливерпул веќе објави дека нема да зборува за својата иднина до крајот на Светското Првенство, но несомнено е фрустриран од политиката на Ливерпул. Мурињо беше доста блиску до потпишување со него во 2005. година.

Франк Лампард:
Клучниот играч во тимот на Челси предводен од Мурињо, со него тој ја освои лигата во 2005. и во 2006. година. Откако Мурињо замина во Интер, се веруваше дека и Лампард ќе го следи, но до тоа не дојде. Доколку добие повик од Реал можеби ќе биде потешко да го одбие...

Лусио: Бразилскиот дефанзивец од редовите на Баерн Минхен минатото лето беше еден од најдобрите трансфери на Мурињо во Интер, вреден само 4,2 милиони фунти. Доколку Реал го побара, Интер сигурно ќе побара двојно повеќе.

 


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
И Бенитес заинтересиран за Герет Бејл
Најновото издание на италијанскиот спортски весник „...
Реал Мадрид најблиску до натпревар во 15ч
Можноста некои натпревари од 2. коло од Примера да се иг...
Венгер пак ќе „краде“ од Барселона
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го тргнува своет...
Ван дер Варт и официјално ги засили редовите на Тотенхем
Холандскиот фудалски репрезентативец Рафаел Ван дер В...
Реал Мадрид го прати Дренте во Херкулес
Тимот на Реал Мадрид успеа да се ослободи од левиот кри...
Турскиот тим го побара на позајмица ирскиот репрезентативец Роби Кин.
Ветеранот не се наигра откако беше вратен назад на Вај...

Колумни

Барселона фаворит No.1 во ЛШ пред Реал и Челзи
  Букмејкерите го имаа својот збор по вчерашниот ждреб за групн...
За 10 години Реал потрошил 1 милијарда за нови играчи
Од почетокот на новиот век Реал е тим кој потрошил најмногу пари з...
Галактико или Митико - претворањето на страста во бизнис
„Околу 20 години сум приврзаник на Реал Mадрид, не ми било срам ког...
Adios, Гран Капитан, сега си поголем
Разделбата на Раул Гонзалес со клубот на неговото срце, Реал Мад...
Целосна статистика на Раул на „Бернабе“
Раул Гонзалез ќе остане во музејот на Реал Мадрид како еден од нај...
Sport Denes