
Капитенот на Челси, Џон Тери побара од управата на тимот да доведе неколку играчи ова лето, но исто така побара и да останат дел од клучните играчи во екипата.
Тери не се сомнева дека Премиерлигата ќе биде многу повозбудлива идната сезона, па затоа се надева дека неговиот тим ќе има уште подобар и покомпактен состав да ја одбрани титулата.
„Оваа сезона беше доста возбудлива, а се чувствувам уште попријатно кога знам дека сме биле шампиони во таква сезона. Првиот дел од сезоната сите бевме блиску едни до други, но во вториот дел ние, Манчестер Јунајтед и Арсенал некако се издвоивме од останатите и финишот беше доста возбудлив.“
„Наредната сезона ќе биде уште подобра од оваа. Сигурен сум за тоа затоа што повеќе тимови ќе се борат за првите 4 места на табелата. Тимовите ќе трошат повеќе пари на засилувања, па потребно ќе биде и ние соодветно да ја засилиме нашата екипа. Исто така во тимот мораат да останат клучните играчи. Џо Кол и Николас Анелка мора да бидат во нашиот тим и наредната сезона. На Џо му истекува договорот во јули, а Николас има уште 1 година. Тие двајца ни се многу потребни во тимот, затоа не смеат да не напуштат.“ - рече Тери.