
Кошаркарите на Феникс конечно го елиминираа Сан Антонио по победата од 107:101 во плеј-офот по успехот од 4:0 во серија. „Сонцат“ го чекаат побединкот од судирлот помеѓу Лејкерс и Јута во кој „Езерџиите“ водат со 3:0.
Од 2003-та година, „Санс“ беше елиминиран на 4 пати од тексаскиот тим и сега конечно стигна до победа над Сан Антонио, која беше повеќе од убедлива. Така Феникс ќе игра во финалето на конференцијата за прв пат од 2006-та година, кога беше елиминирана од Далас. Последното финале во Лигата на тимот пак датира од 1993-та година, кога во тимот играше Чарлс Баркли.
Амаре Студемаер постигна 29 поени, а Стив Неш додаде 20, а 10 од нив беа откако доби удар во лицето од Тим Данкан. Раната беше покреина со неколку конци и на крајот од натпреварот едноставно не гледаше со десното око кое беше целосно затворено од отокот.
„Во еден момент едноставно не гледав ништо со него. Сепак имав голема желба да му помогнам на тимот да дојде до победа, бидејќи долго време немаме победа над овој тим и затоа дадов се од себе.“ - рече Неш.
По неговиот кош, Феникс поведе со 103:97 на 30 секунди пред крајот, но Спарси одговорија со тројката на Џорџ Хил, кој дури и беше фаулиран. Следуваа 2 фаули на Гран Хил, а откако Џинобили промаши одударот за 3 поени, Џејсон Ричардсон стави точка на триумфот.
Разочараноста кај Спарси беше голема, но сепак тимот успеа да го елиминира Далас во првото коло.
„Тажен сум, но во исто време се радувам за Стив и Амаре, затоа што во последниве години тие немаа среќа против нас, но овој пат ситуацијата се разви во нивна корист.“ - рече Тони Паркер.
| Случајни вести | |