Американскиот фудбалски репрезетнативец, Лендон Донован го напушти Евертон и се врати во ЛА Галакси по дестнеделната позајмица во тимот од Ливерпул.
Донован во дресот на Евертон одигра 13 натпревари и постигна 2 голови, па тренерот на тој клуб Дејвид Мојс се залагаше да остане во клубот до крајот на сезоната.
„Донован се врати во својот клуб. Се обидовме да му ја продолжиме позајмицата, но ЛА Галакси го повика да се врати затоа што наскоро започнува МЛС Лигата.“ - рекоа преставници од англискиот тим.
Американскиот фудбалер изјави дека му е жал што не можел да остане до крајот на англиското првенство во Евертон.
„Во Анлија докажав дека можам да играм против најдобрите светски фудбалер, а тоа е голем работа. Во Евертон се снајдов одлично и многу ми е жал затоа што не можев да останам до крајот на првенството.“ - рече Донован.
| Случајни вести | |