Крајот на кариерата на Гери Невил во Манчестер Јунајтед е сосема блиску.
Поранешниот англиски репрезентативец, кој игра од 18 години во дресот на Манчестер Јунајтед планира да се откажи од професионалноит фудбал по крајот на сезоната 2009/2010 соопштуваат медиумите во Англија.
„Сеуште не знам скоро ништо за мојата иднина. Треба да се одлучам што сакам да правам по крајот на сезоната, но прво ќе се консултирам со менаџерот.“ - рече 35 годишниот Гери Невил, кој има договор со Јунајтед до крајот на Јуни.
Постојаните повреди му попречија на Гери Невил да учествува редовно во натпреварите на Манчестер Јунајтед во изминатите сезони. Поголемиот од браќата Невил играше за Манчестер Јунајтед околку 25 минути во финалето на Карлинг Купот каде „црвените ѓаволи“ победија против Астон Вила.
| Случајни вести | |