Картер ги „потопи“ Хорнетси со 48 поени

Кошаркарите на Орландо Меџик синоќа ги победија противниците од Њу Орлеанс Хорнетс на домашен терен со 123:117 предводени од фантастичниот Винс Картер кој постигна неверојатни 48 поени, што претставува неговиот рекорден учинок сезонава.
Тоа воедно е и најдобрата индивидуална изведба на еден играч на Меџикси по онаа на Трејси МекГрејди кој пред неполни шест години постигна 62 поени, како и најдобрата на Картер откако во дресот на Њу Џерси против Мајами во декември 2005-та година постигна 51 поен.

Што повеќе стареете, толку повеќе ви се подради овие натпревари бидејќи можете да кажете: Еј, па тоа го направив на 33 години.“ - изјави Картер, кој постигна дури 34 коша во вториот дел. Од игра гаѓаше 19.27, а погоди вкупно шест тројки од девет обиди.

Во деветтата победа на Орландо во последните 11 натпревари, до која дојдоа иако на почетокот од третата четвртина имаа и 17 коша помалку, Двајт Хауард постигна 25 поени и 12 скокови, а Рашард Луис 18 поени.

Кај Њу Орлеанс, кој и понатаму игра без повредениот Крис Пол (петти натпревар по ред пораид повреда на левото колено) најефикасен беше Предраг Стојаковиќ со 29 поени, додека Дарен Колисон и Дејвид Вест постигнаа по 27 поени.

Лејкерси во Стејплс Центарот го совладаа тимот на Сан Антонио со 101:89 иако играа без повредените Коби Брајант и Андру Бињом.

Во нивното отсуство, работите во свои раце ги презеде По Гасол кој на своето конто запиша 21 поен, со 19 скокови и 8 асистенции, па ги предводеше петмината играчи со двоцифрен број поени.

Рон Артест до своето име додаде бројка од 18 поени, Ламар Одом 16 со 10 скокови, додека Џордан Фармар и Дерек Фишер постигнаа по 13.

Во четвртиот пораз по ред на гостувањата кај Лејкерси, Спарсите беа предовдени од Ману Џинобили со 21 поен. Тони Паркер постигна 20 поени со осум асистенции, додека Тим Данкан запиша 16 поени и 15 скокови.

Далас Маверикс ги совладаа Голде Стејт Вориорс на гостувањето со 127:117 со рекордниот учинок на Џејсон Тери кој забележа 36 поени.

Рекорден учинок во сезоната остварија и играчите од клупата Џош Хауард (25 поени) и Дру Гуден (24 поени), додека Џејсон Кид со 17 коша, 12 пати успешно асистираше.

Кај Голден Стејт, кој загуби девет натпревари по ред и пет во низа на домашен паркет, најдобар беше Ентони Мороу со 33 поени и 11 скокови.


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
И Бенитес заинтересиран за Герет Бејл
Најновото издание на италијанскиот спортски весник „...
Реал Мадрид најблиску до натпревар во 15ч
Можноста некои натпревари од 2. коло од Примера да се иг...
Венгер пак ќе „краде“ од Барселона
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го тргнува своет...
Ван дер Варт и официјално ги засили редовите на Тотенхем
Холандскиот фудалски репрезентативец Рафаел Ван дер В...
Реал Мадрид го прати Дренте во Херкулес
Тимот на Реал Мадрид успеа да се ослободи од левиот кри...
Турскиот тим го побара на позајмица ирскиот репрезентативец Роби Кин.
Ветеранот не се наигра откако беше вратен назад на Вај...

Колумни

Барселона фаворит No.1 во ЛШ пред Реал и Челзи
  Букмејкерите го имаа својот збор по вчерашниот ждреб за групн...
За 10 години Реал потрошил 1 милијарда за нови играчи
Од почетокот на новиот век Реал е тим кој потрошил најмногу пари з...
Галактико или Митико - претворањето на страста во бизнис
„Околу 20 години сум приврзаник на Реал Mадрид, не ми било срам ког...
Adios, Гран Капитан, сега си поголем
Разделбата на Раул Гонзалес со клубот на неговото срце, Реал Мад...
Целосна статистика на Раул на „Бернабе“
Раул Гонзалез ќе остане во музејот на Реал Мадрид како еден од нај...
Sport Denes