Руни: Играм најдобро во кариерата!

Кога во летните месеци од преодниот рок Кристијано Роналдо дресот на Манчестер Јунајтед го замени со оној на мадридскиот тим, многумина говореа дека актуелниот англиски шампион ќе води тешка битна во Премиер Лигата.
Факт е дека Јунајтед со продажбата на португалскиот напаѓач го ослабна кадарот, но во благајната стави 94 милиони евра. Еднакво точен е и фактот дека Вејн Руни „зеде“ голем здив и се потруди заминувањето на Роналдо да го направи скоро незначајно.

По 25 одиграни кола во Премиер лигата „црвените ѓаволи“ зад водечкиот лондонски тим Челзи заостануваат само два бода (58-56), што и не претставува некоја ненадминлива разлика.

Инаку, напаѓачот на Јунајтед и англиската фудбалска репрезентација игра во застрашувачка форма, па оваа сезона во 24 натпревари постигна веќе 21 погодок со што и убедливо е водекиот голгетер. Покрај тоа, забележа и четири асистенции.

Мислам дека го играм најдобриот фудбал во својата кариера. Уживам во него, но и во приватниот живот што се навистина се одразува и на играта. Се надевам дека вака ќе продолжам и до крајот на сезоната.“

Бројот на погодоци? Немам поставено некои цели, само сакам да постигнувам гол секој пат кога сум на теренот. Доколку успеам во тоа - ок, но и да не успеам, важно е тимот да победи.“ - изјави Руни за англиските медиуми.


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
<a href='http://www.football-scores-live.com/'>live scores</a>
Sport Denes