Магија во Бостон

Орландо по големиот пресврт во третата четвртина од натпреварот го совлада Бостон со 96:89 (23:24, 17:27, 36:11 и 20:27).

За три дена видов најдобра и најлоша четвртина на екипата која ја тренирам цели три години.“ - изјави тренерот на Меџикси, Стен Ван Ганди, потсетувајќи на поразот во петокот во Вашингтон (91:92) кога домаќинот во третата четвртина направи 39:17.

Винс Картер (на крајот имаше 20 поени) се потпиша како иницијаторот на пресвртот во Бостон Гарден каде гостите креираа неверојатна серија од 19:0.

На Бостон не му помогна ниту враќањето на Пол Пирс и Маркиз Данијелс, а најдобриот во тимот беше Реџон Рондо с о17 поени, девет асистенции и осум украдени топки.

Кевин Гарнет имаше девет скокови и стигна до бројката од 11.960 со што на 20-то место од „вечната листа“ го престигна Денис Родман.

Мојот играч ми рече дека сме подобри од Орландо. Епа не сме. Не победија, Минатата сезона не елиминираа од плеј-окфот... Орландо е подобар ода нас, како и Атланта и Лејкерси.“ - бесен по мечот беше тренерот на Бостон, Док Риверс.

„Магичните“ (34:17) се втори на Истокот со две победи повеќе од Бостон и Атланта (32:17), односно со седум победи помалку од лидерот, Кливленд (41:11).

Ист скор како Орландо на Западот има второпласираниот Денвер, кој се наоѓа зад актуелниот шампион во најсилната кошаркарска лига во светот, Лејкерси кои имаат скор од 39:13.

Резултати:
Торонто - Сакраменто 115:104
Бостон - Орландо 89:96.

 


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
Реал Мадрид заинтересиран за Амаури
Според информациите на италијанските медиуми напаѓач...
Шалке подготвува нов трансфер удар: Го купува Марио Гомес?
Тимот на германскиот бундеслигаш Шалке е на пат да го н...
Јувентус сега нуди 13 милиони за Красиќ
Генералниот директор на Јувентус Марота изјави дека п...
Бриџ пред трансфер во Ливерпул
Играчот на Манчестер Сити, Вејн Бриџ е пред трансфер во...
Официјално: Кедира е нов играч на Реал Мадрид
Сами Кедира преминува во Реал Мадрид, објави официјалн...
Кемпбел го комплетира трансферот во Њукасл
Сол Кемпбел ќе продолжи да игра во Премиеригата во нар...

Колумни

Галактико или Митико - претворањето на страста во бизнис
„Околу 20 години сум приврзаник на Реал Mадрид, не ми било срам ког...
Adios, Гран Капитан, сега си поголем
Разделбата на Раул Гонзалес со клубот на неговото срце, Реал Мад...
Целосна статистика на Раул на „Бернабе“
Раул Гонзалез ќе остане во музејот на Реал Мадрид како еден од нај...
Ел Гран Капитан - радост и огорчување
Од следната сезона Реал Мадрид нема да е истиот, Примера нема да е ...
Кој најдобро пазареше минатата сезона?
Додека Светското Првенство во Јужна Африка е во тек, барем на моме...
Sport Denes