Руни: Се чуствувам посебно

Напаѓачот нa Манчесер Јунајтед, Вејн Руни кој постигна 4 погодоци против Хал се чуствува посебно
Руни за 7 минути постигна 3 голови на самиот финиш од натпреварот.

Напаѓачот на Јунајтед сепак требаше да почека одреден период за да постигне повеќе од 3 погодоци на еден натпревар и да стане првиот играч на Јунајтед кој постигнал 4 погодоци во еден натпревар по Руд Ван Нистелрој кога стрелаше 4 пати против Спарта Прага во Ноември 2004-та година.

„Ова е прв пат да постигнам 4 погодоци во еден професионален фудбалски натпревар и чуството е неверојатно. Горд сум на тоа што го направи. За мене ова е нешто посебно.“
- вели Руни.

Руни конечно се ослободи од сенката во Јунајтед која му беше претходно наметната од Руд ван Нистелрој, а подоцна и од Кристијано Роналдо, каде покрај нив не можеше да ги искаже своите квалитети. Сега кога и 2-цата не се во Манчестер Јунајтед, Руни се повеќе се истакнува.

„Разликата во оваа сезона е тоаш то имам повеќе слобода во форот и повеќе можам да се истакнам во финиширањето на акциите.“
- констатира Руни.


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
<a href='http://www.football-scores-live.com/'>live scores</a>
Sport Denes