
Генералниот директор на Јувентус Марота изјави дека приказната околу Џеко е веќе завршена, а дека Красиќ и понатаму е мета на клубот од Торино.
Меѓутоа италијанскиот весник „Тутоспорт“ пренесува дека цената на Красиќ сега е многу помала. „Закони на пазарот“ - така италијаните ја објаснуваат информацијата што Јувентус ќе понуди само 13 милиони евра за Милош Красиќ.
Имено, по силните обиди околу Един Џеко, сепак изгледа дека браќата Хенс ќе успеат Џеко да го преселат во Минхен, а Јувентус се свртува кон други играчи.
„Приказната околу Џеко е завршена, Красиќ останува наша главна мета.“ - изјави на кратко директорот Марота.
Контактите повторно се обновени по долга пауза, но Јувентус сега нуди 13 милиони евра, пренесува „Тутоспорт“. Останува да се види како ќе реагираат Русите кои пред еден месец многу лесно ја одбија понудата од 15 милиони евра.
| Случајни вести | |