
Преговорите помеѓу Манчестер Сити и напаѓачот на Интер, Марио Балотели се одовлекуваат затоа што играчот не се брза за својата одлука за својата иднина.
Агентот на Балотели, Мино Раилоа вчера се сретна со директорите на Сити и додаде: „Ќе видиме што ќе се случи. Нема да донесеме брза одлука.“
„Газета дело Спорт“ пренесува дека Балотели игра на време, очекувајќи поатрактивна понуда од друг тим.
Раиола се надева дека иако Сити се заинтересирани, не можат да му гарантираат 5-годишен договор на неговиот клиент каде ќе заработува по 4.5 милиони евра годишно. Во меѓувреме Манчестер Јуанјтед и Челси припремаат понуда за 19-годишноит фудбалер и може да се очекува дека баш овие 2 клубови можат да ги помешаат сметките на Сити.
| Случајни вести | |