Пиенар ново фудбалско засилување на Интер?


Тренерот на Интер, Рафаел Бенитез сака во своите редови да ја доведе јужноафриканската ѕвезда од Евертон, Стивен Пиенар, пишува денешниот број на британското издание „Дејли Мејл“.

Шпанскиот стратег сакаше да го ангажира крилото уште додека беше тренер на Ливерпул, но тогаш обидите не завршија како што сакаше Бенитез.

Креативниот фудбалер остави одличен впечаток со настапите на Мундијалот во родната Јужна Африка, а освен тоа зад себе има и одлична сезона со тимот од Ливерпул во Премиер лигата.

Пиенар сеуште не постигнал согласнот за нов договор со Евертон и тоа може да доведе до промена на работната средина.

Од своја страна Интер призна дека може да привлече нов фудбалер со пасош надвод од Европската унија.

Евертон бара 15 милиони фунти за Пиенар, а Интер располага со доволно големи средства да го доведе во своите редови.

Ако трансферот не се оствари сега, Интер и Пиенар најверојатно ќе потпишат пред договор во јануари, според кој крилото ќе се пресели на Џузепе Меаца како слободен агент следното лето.


blog comments powered by Disqus
Случајни вести
Челси припрема 20 милиони за Хесус Навас
Англискиот шампион Челси има сериозен интерес кон кри...
Бенитез ќе се обиде да го доведе Бејл во Јануари
Тренерот на Интер, Рафаел Бенитез има во план да го дов...
Интер го враќа Кака во Италија?!
Актуелниот италијански шампион Интер подготвува конт...
Ван дер Варт и официјално ги засили редовите на Тотенхем
Холандскиот фудалски репрезентативец Рафаел Ван дер В...
Реал Мадрид го прати Дренте во Херкулес
Тимот на Реал Мадрид успеа да се ослободи од левиот кри...
Турскиот тим го побара на позајмица ирскиот репрезентативец Роби Кин.
Ветеранот не се наигра откако беше вратен назад на Вај...

Колумни

Кој е крив за неуспехот?
  Многу години поминати во чекање, изминатите неуспешно поминати...
Барселона фаворит No.1 во ЛШ пред Реал и Челзи
  Букмејкерите го имаа својот збор по вчерашниот ждреб за групн...
За 10 години Реал потрошил 1 милијарда за нови играчи
Од почетокот на новиот век Реал е тим кој потрошил најмногу пари з...
Галактико или Митико - претворањето на страста во бизнис
„Околу 20 години сум приврзаник на Реал Mадрид, не ми било срам ког...
Adios, Гран Капитан, сега си поголем
Разделбата на Раул Гонзалес со клубот на неговото срце, Реал Мад...
Sport Denes